Објавено на:

Вучиќ објави фотографија од болничка соба со Глишиќ после мозочниот удар

t

„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм која ја објави со министерот Глишиќ после неговата хоспитализација.

Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети во болница својот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, кој пред неколку дена доживеа мозочен удар во живо, за време на телевизиско гостување, објави хрватски Нет.

„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во описот на заедничка фотографија на која му ја држи раката на Глишиќ, додека министерот позира од болничкиот кревет со другата рака крената во воздух.

Вучиќ потврди дека здравствената состојба на министерот и негов кум се подобрува по операцијата.

„Дарко е добро, многу подобро одошто пред ден и половина и зборува. Сѐ уште не е сосема нормално, но прекрасно е што зборува и што ги поместува десната рака и нога, што е голема промена“, изјави Вучиќ за телевизија Прва.

За потсетување, Глишиќ во вторникот беше гостин во утринската програма на телевизија Пинк кога одненадеж му се слоши, почна тешко и неразбирливо да зборува, а на повторените прашања од водителот веќе не можеше да изговори ниеден збор.

https://www.instagram.com/p/DNDPn-0MWa6/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ објави фотографија од болничка соба со…

„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во објавата на…

Вучиќ го посети во болница министерот Глишиќ:…

Српскиот претседател Александар Вучиќ објави дека го…

Вучиќ разговараше со Макрон: Србија е посветена…

Српскиот претседател Александар Вучиќ разговараше телефонски со…

Маж врежал фотографија од Цеца на свој…

Зоран Бркиќ од Варварин ги изненади сите…

Случајот со изживувањето над штркот не е…

Вознемирувачките фотографии од повреден и крвав штрк…