Вучиќ објави фотографија од болничка соба со Глишиќ после мозочниот удар
„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во објавата на Инстаграм која ја објави со министерот Глишиќ после неговата хоспитализација.
Српскиот претседател Александар Вучиќ го посети во болница својот министер за јавни инвестиции, Дарко Глишиќ, кој пред неколку дена доживеа мозочен удар во живо, за време на телевизиско гостување, објави хрватски Нет.
„Дарко нескршлив“, напиша Вучиќ во описот на заедничка фотографија на која му ја држи раката на Глишиќ, додека министерот позира од болничкиот кревет со другата рака крената во воздух.
Вучиќ потврди дека здравствената состојба на министерот и негов кум се подобрува по операцијата.
„Дарко е добро, многу подобро одошто пред ден и половина и зборува. Сѐ уште не е сосема нормално, но прекрасно е што зборува и што ги поместува десната рака и нога, што е голема промена“, изјави Вучиќ за телевизија Прва.
За потсетување, Глишиќ во вторникот беше гостин во утринската програма на телевизија Пинк кога одненадеж му се слоши, почна тешко и неразбирливо да зборува, а на повторените прашања од водителот веќе не можеше да изговори ниеден збор.
https://www.instagram.com/p/DNDPn-0MWa6/?utm_source=ig_web_copy_link&igsh=MzRlODBiNWFlZA==
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Фон дер Лајен и Кошта по средбата…
Претседателите на Европската комисија и на Европскиот…
Вучиќ ги искара српските министри: „Ѓуро, не…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, обраќајќи се…
Вучиќ: Многу сум му благодарен на Додик…
Српскиот претседател Александар Вучиќ и лидерот на…
Вучиќ: На воената парада беше претставена гордоста…
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека воената…
Вучиќ: Благодарност до руските партнери што нè…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во Токио…