Објавено на:

Вучиќ: Односите меѓу Македонија, Албанија и Србија никогаш не биле подобри

t

Задоволни сме со она што го имаме. Односите меѓу Србија, Македонија и Албанија никогаш не биле подобри, изјави српскиот претседател Александар Вучиќ на Светскиот економски форум во Давос, говорејќи за иницијативата „Отворен Балкан“, јави дописникот на МИА од Белград.

– Луѓето мислат дека треба да бркаме некого за да го оправдаме своето постоење. Не мораме. Ги поканивме сите. Среќни сме со тоа што го имаме, би сакале да имаме повеќе, но задоволни сме. Имаме добра соработка со сите, изјави српскиот претседател за ТВ Пинк од Давос.

Според Вучиќ, кој сака соработка е добредојден во иницијативата.

– Имате голем пад на популарноста на ЕУ не само во Србија, туку и во Северна Македонија. Имате клацкалка, треба да се прашаме како би гласал денес народот. Мора да има вина и на некои земји членки, а не само наша вина, изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Македонски државјани се повредени во сообраќајка во…

Двајца македонски државјани се здобиле со тешки…

Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…

Група од 25 членови на Српската академија…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

МАЕИ бара поголема застапеност на македонското малцинство…

Од исклучителна важност е македонското малцинство, како…

Во Албанија е идентификуван првиот случај на…

Првиот случај на мајмунски сипаници е потврден…