Објавено на:

Вучиќ отвори нов автопат во Србија: Годинава ќе има нови автопати, милијарди се во игра

t

Првата делница од автопатот Ниш – Мердаре, долга пет и пол километри, денеска официјално беше пуштена во сообраќај. На свеченото пуштање во употреба на новиот пат присуствуваше и претседателот на Републиката Александар Вучиќ.

На отворањето присуствуваа и шефот на делегацијата на ЕУ во Србија, Емануел Жиофре и министерот за градежништво, транспорт и инфраструктура Горан Весиќ, министерката за евроинтеграции Тања Мишчевиќ, директорот на Коридорот на Србија Александар Антиќ, претседателот на општина Мерошина Саша Јовановиќ, градоначалникот на Ниш Драгана Сотировски, претставници на ЕБОР и други.

На оваа делница од автопатот е изградена клучката „Мерошина исток“, како и два моста и два надвозници, со вкупна должина од околу 285 метри.

Изведувач на делницата 1 е Конзорциум Штрабаг АГ и Штрабаг д.о.о. Белград. Договорот е потпишан на 30 септември 2021 година, во присуство на претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен.

Делница 1, од Мерошина до Мерошина 1, е првата од четирите делници на Сектор 1, која се протега од Ниш до Белољин и е долга 32,65 километри.

Првата делница, од Мерошина до Мерошина 1, е долга 5,5 километри, потоа делот 2, од Мерошина 1 до Исток Прокупље, е долг 8,8 километри, делот 3 од Прокупље Исток до Прокупље Запад е долг 12,8 километри, додека последната делница од Прокупље Запад до Белољин долг 5,6 км.

Финансирањето на проектот за целиот Сектор 1 во износ од 225,6 милиони евра е обезбедено преку инвестицискиот грант на WBIF во износ од 40,6 милиони евра и заем од ЕБОР и ЕИБ во износ од 185 милиони евра.

Инаку, вкупната должина на автопатот Ниш-Мердаре е 77 километри, а на него е предвидено да се изградат 88 мостови, седум нивони премини и 35 тунели, јавува Танјуг.

Автопатот Е-80 Ниш-Мердаре е пат со висок приоритет за Република Србија, бидејќи ќе ги поврзе југот на Србија и Приштина и ќе стане дел од патната мрежа што преку Тирана води кон Драч.

Ова ќе ја поврзе Србија со пристаништата на Јадранското Море. Станува збор за приоритетен инфраструктурен проект кој овозможува економски и социјален развој на државата, како и посилно поврзување на целиот регион.

„Патот Ниш – Мердаре е многу важен за инвеститорите, важно е да се поврземе со Приштина и Тирана, Грачаница, но Приштина не е заинтересирана“, рече претседателот Вучиќ, а потоа продолжи:

„Годинава ќе отвориме стотици километри автопати, милијарди евра се во игра, ЕУ многу ни помага, но во најголем дел се заснова на финансиската стабилност на нашата земја, вели Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…