Вучиќ планира оставка, ќе оди ли Србија на вонредни избори во септември?!

t

Според неофицијални информации од врвот на Српската напредна странка кои ги пренесуваат српските медиуми, во септември ќе има вонредни избори на кои кандидат за премиер ќе биде Александар Вучиќ, актуелен претседател на државата и лидер на Српската напредна партија, кој, според истите извори, веќе бил подготвен да поднесе оставка на претседателската функција.

Како што неофицијално дознава „Блиц“, на денешната седница на партиското раководство на Напредната партија, Вучиќ одржал „остар говор“.

„Подобро е да се оди во опозиција отколку да се води државата партиски и приватни интереси. Подготвен сум да одам на избори како кандидат за премиер, но нема да попуштам под уцена“, рекол Вучиќ.

Тој додал дека неговата партија е сама во одбраната на државните интереси и дека „со себе го има само народот“. Ваквите зборови доаѓаат по бурната седница на Парламентот на крајот од минатата недела, на која Вучиќ го образложи „европскиот план“ за решавање на споровите меѓу Белград и Приштина.

Претседателот на Србија пред сопартијците рекол и дека „му е доста од корумпирани луѓе кои сакаат да се збогатат на сметка на партијата, често повикувајќи се на него во нивните матни работи и секогаш кога требало да се борат за државата и народот, тие први го свртеле грбот“. Седницата завршила со неговите зборови „Србија победи“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…