Вучиќ побара одложување на американските санкции врз руските компании во Србија
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба во Белград со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, побарал подолг рок за примена на санкциите за нафтената индустрија на Србија (НИС), кои беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.
Вучиќ, како што пренесуваат српски медиуми, побарал разбирање од Америка и да ги поместат роковите за санкциите за 15-20 дена.
Во 2008 година НИС беше продаден на руски „Газпромнефт“, а во моментов според официјалните податоци, „Газпромнефт“ и „Газпром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто е во сопственост на српската држава.
По средбата, Верма изјави дека целта на санкциите е да се отстрани Русија од сопственичката структура на НИС и дека тоа ќе придонесе за повеќе мир во регионот и диверзификација на српските енергетски извори.
Тој тврди дека Србија нема да трпи економски последици доколку ја отстрани Русија од сопственичката структура на Нафтената индустрија на Србија (НИС).
НИС е само една од 2 000 компании во руска сопственост што САД ги ставија на „црната листа“.
Вучиќ рече дека Србија во наредниот период ќе се потпира на енергетските резерви и дека нема да има недостиг на гас или нафта.
Во меѓувреме Вучиќ соопшти и дека Азербејџан проследил известување дека во наредниот период нема да можат да испорачуваат 1,7 милиони кубни метри гас во Србија секој ден.
СПОДЕЛИ
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ побара одложување на американските санкции врз…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната…
Зеленски: Заробивме севернокорејски војници во регионот на…
Украинските војници заробиле севернокорејски војници во Курскиот…
УХМР најавува студен бран со обилни врнежи…
Управата за хидрометеоролошки работи за претстојната ноќ…
Општина Карпош обвинува за селективни напади: Кој…
Општина Карпош денес преку соопштение реагира на…
НАТО ќе распореди 10.000 војници во Бугарија,…
НАТО ќе распореди 10.000 војници, бродови, авиони,…