Вучиќ побара одложување на американските санкции врз руските компании во Србија

t

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ на денешната средба во Белград со американскиот заменик државен секретар за управување и ресурси, Ричард Верма, побарал подолг рок за примена на санкциите за нафтената индустрија на Србија (НИС), кои беа воведени затоа што компанијата е во мнозинска сопственост на Русија.

Вучиќ, како што пренесуваат српски медиуми, побарал разбирање од Америка и да ги поместат роковите за санкциите за 15-20 дена.

Во 2008 година НИС беше продаден на руски „Газпромнефт“, а во моментов според официјалните податоци, „Газпромнефт“ и „Газпром“ имаат 56,15 отсто сопственост, додека 29,87 отсто е во сопственост на српската држава.

По средбата, Верма изјави дека целта на санкциите е да се отстрани Русија од сопственичката структура на НИС и дека тоа ќе придонесе за повеќе мир во регионот и диверзификација на српските енергетски извори.

Тој тврди дека Србија нема да трпи економски последици доколку ја отстрани Русија од сопственичката структура на Нафтената индустрија на Србија (НИС).

НИС е само една од 2 000 компании во руска сопственост што САД ги ставија на „црната листа“.

Вучиќ рече дека Србија во наредниот период ќе се потпира на енергетските резерви и дека нема да има недостиг на гас или нафта.

Во меѓувреме Вучиќ соопшти и дека Азербејџан проследил известување дека во наредниот период нема да можат да испорачуваат 1,7 милиони кубни метри гас во Србија секој ден.

СПОДЕЛИ

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Во Македонија се родиле 4.160 деца, а…

Бројот на починати и во третото тримесечје…

Нов европски успех за Македонија: Ведрана Тунески…

Младата македонска таеквондистка Ведрана Тунески продолжува да…

Пет нови пријави за семејно насилство во…

Министерството за внатрешни работи (МВР) регистрираше пет…

ВМРО-ДПМНЕ: Владата прави се да нема никакви…

Венко Филипче и талогот на СДС никако…