Вучиќ пред српските пратеници: Србија никогаш нема да го признае независно Косово
„Народното собрание е вистинското и единственото место каде што треба да се разговара за ова прашање, таму, на тој простор, наш и заеднички, и српски и албански, треба да најдеме живот за Србите и Албанците и тоа е тешка задача, но мора да најдеме решение. Токму затоа мислам дека е многу важно на луѓето да им го понудиме она што е реално, многу е важно да го направиме она што можеме. Само што има малку можности за подобрување“, рече Вучиќ на почетокот на својата презентација во Српскиот парламент.
Одговорната политика не смее да почива на митови. Тоа значи дека мораме да ги адаптираме нашите митови, додаде тој. Тој нагласи дека Србија никогаш нема да го признае независно Косово.
„Според нашите проценки, сега има 6,5 или 7 отсто Срби на Косово и Метохија. Тоа се околу 100.000 луѓе кои денес живеат на територијата на Косово и Метохија. Луѓето мора да знаат што штитиме, а тоа се нашите луѓе во Косово и Метохија. „Прашањето е што можеше нашата генерација да направи? Во 90-тите се обидовме да направиме нешто и сите тие обиди беа неуспешни и доведоа до уште поголеми трагедии“, истакна Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…
Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…
Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…
Многу гордо: Мицкоски договорил заедничка седница на…
Косово и Македонија ќе имаат заедничка владина…
В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…
В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…
Заедничка акција на македонското и косовското Обвинителство:…
Поради регистрирани неколку случаи на пуштање во…