Вучиќ се пожали: ЕУ никогаш не ја поддржувала Србија колку што ја поддржува Украина

t

Европската унија никогаш не ѝ пружила толкава поддршка на Србија како на Украина, изјави претседателот на Србија, Александар Вучиќ за Фајненшл тајмс.


– „Немам ништо против Украинците. Но, нивото на поддршка од ЕУ за Украина, доделувањето на кандидатски статус за членство во ЕУ во рок од една година од датумот на поднесување на апликацијата и евентуалниот почеток на преговорите за членство следната година ни покажуваат дека таква политичка поддршка никогаш не постоела за нас. “ изјави Вучиќ.
Британскиот весник посочува дека Киев аплицирал за членство во февруари 2022 година, неколку дена по почетокот на конфликтот во Украина, а само четири месеци подоцна добил кандидатски статус. Спротивно на тоа, Белград чекаше повеќе од четири години за да ги започне преговорите за членство.


Поради тоа, весникот наведува дека некои лидери на Западен Балкан се фрустрирани што Украина ги претекнува нивните земји во влезот во ЕУ.
Преговорите меѓу Србија и ЕУ се во застој поради повеќе прашања, меѓу кои, како што пишува „Фајненшл тајмс“, е неуспехот на Белград да ги нормализира односите со Косово. Дополнително, Србија е единствената земја од Западен Балкан која не воведе санкции кон Русија, што, како што се наведува во текстот, ја намалило нејзината перспектива за членство во ЕУ.
Весникот, исто така, потсетува на уште една неуспешна средба во рамките на дијалогот меѓу Белград и Приштина во четвртокот во Брисел и укажува дека тогаш високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Борел, рекол дека „без нормализација нема да има европска иднина ниту за Косово ниту за Србија“.


Сепак, Вучиќ за „Фајненшл тајмс“ изјави дека одложувањето на членството не ја одразува реалноста во Србија, за која вели дека е „во многу подобра состојба отколку што беа Романија и Бугарија во 2007 година, кога пристапија во ЕУ“.
Вучиќ укажа и на намалената способност на ЕУ да прими нови членки.
„Прво слушнавме за 2025, сега за 2030. Кој знае што ќе се случи за седум години? Апсорптивната моќ на ЕУ не е поголема отколку што беше“, рече Вучиќ.
Во текстот се споменува и неодамна одржаниот 18. Бледски стратешки форум, од кој претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел, порача дека Европската унија мора да биде подготвена за проширување до 2030 година, нагласувајќи дека тука се вклучени и земјите од Западен Балкан.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Српската полиција уапси шест лица за „планирање…

Српското Министерство за внатрешни работи вечерва објави…

Европа прес: Европскиот парламент побара реформи и…

Република Македонија мора да покаже политичка волја…

Вајц: Не знам дали Северна Македонија навистина…

Не знам дали Северна Македонија навистина сака…

Бугарското МНР: „Вековен македонски идентитет“ ги повредува…

„Бугарија останува посветена на сите елементи од…

Лавров: Украина мора да остане неутрална

Русија инсистира Украина, како што е предвидено…