Вучиќ: Ситуацијата во Србија е се потешка, но граѓаните да не паничат

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека американските санкции кон Нафтната индустрија на Србија (НИС) може да доведат до сериозни последици за енергетската стабилност на земјата. Во интервју за белградскиот Информер, Вучиќ рече дека ситуацијата е „се потешка“, но повика граѓаните да не паничат, нагласувајќи дека државата има доволни резерви на гориво – барем во краток рок.

„Имаме дизел што денес се троши. Проблемот ќе настане кога рафинеријата во Панчево ќе престане да работи. Апелиравме на руската страна, ги молевме Американците, и успеавме да издржиме осум месеци,“ изјави Вучиќ, додавајќи дека Србија нема алтернатива за оваа рафинерија.

Тој објасни дека доколку производството запре, ќе бидат потребни две до четири недели за повторно активирање, а прекин во пумпањето домашна нафта може да ја блокира индустријата со месеци.

Вучиќ нагласи дека геополитичките околности се сè потешки и дека Србија мора да води „прагматична и внимателна политика“ за да избегне директно вклучување во глобални конфликти.

„Србија нема да учествува во војни и судири. Плаќаме доволно висока цена и вака. Но ќе ја зачуваме земјата. Знаеме како се управува со криза – од ковид, поплави, миграции, па до енергетски шокови. Ова можеби е најтешкиот предизвик, но решение ќе најдеме,“ изјави Вучиќ.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Ситуацијата во Србија е се потешка,…

Српскиот претседател Александар Вучиќ предупреди дека американските…

Србија ѝ донираше речиси 6 милиони долари…

Според соопштението на руското Министерство за надворешни…

Унгарски МОЛ ги зголеми испораките на нафта…

Унгарската нафтена компанија МОЛ ќе ги зголеми…

Османи: Србија се обидува да купи гласови…

Косовскиот претседател Вјоса Османи изјави дека Србија…

Косовската полиција го уапси аналитичарот Фатмир Шехоли…

Полицијата на Косово, во тесна соработка со…