Вучиќ: Со кое право НАТО не’ бомбардираше во 1999 година?

t

Србија го поддржува територијалниот интегритет на сите земји-членки на Обединетите нации (ОН), вклучително и Украина. Ова го изјави српскиот претседател Александар Вучиќ, цитиран од агенцијата Бета.

Во својот синоќешен говор на годишното заседание на Генералното собрание на ОН, Вучиќ рече дека Србија „одговорно и сериозно се однесувала“ во овој поглед и нагласи дека „досега не слушнал рационален одговор на прашањето која е разликата меѓу суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина и Србија, кои се грубо нарушени“.

Косово прогласи независност од Србија во 2008 година. Сепак, Белград сè уште не ја признава независноста на својот поранешен регион.

Србија не стапнала на туѓа територија, ниту го загрозила територијалниот интегритет на која било држава за да има интервенција против неа. Ова не ги спречи 19-те најбогати земји на НАТО да нападнат суверена држава без одлука на ОН во 1999 година, потсети Вучиќ, по што праша со кое право била бомбардирана неговара држава.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…