Вучиќ со прва изјава по ескалацијата на Косово: И се заблагодари на Русија!
Претседателот на Србија Александар Вучиќ по средбата во Генералштабот и по повод вечерашните настани на Косово и Метохија им се обрати на граѓаните на Србија.
Претседателот рече дека средбата ја завршиле, а претходно генералот Мојсиловиќ разговарал со командантот на КФОР.
– Прифатени се обврските на двете страни. Имаше многу лаги и дезинформации. На полноќ командантот на КФОР ќе дојде во Косовска Митровица и ќе разговара со Горан Ракиќ – рече Вучиќ.
Како што вели, тие ги молеле меѓународните претставници да направат се што е можно за да се спречи тоа.
– Верувам дека ќе имаме добри вести. Се надевам дека тоа утре ќе биде деескалирано и дека ќе постигнеме мир со нови компромисни решенија – рече Вучиќ.
Како што вели, веројатно ни претстои најголемата политичка борба во наредните денови.
-Сакам да им се заблагодарам на оние кои ја поддржаа Србија, дури и на оние кои беа коректни и искажаа правилни ставови. Посебно сакам да им се заблагодарам на претставниците на Министерството за надворешни работи на Руската Федерација, кои реагираа на многу коректен начин – рече Вучиќ.
Како што вели, се прават напори за смирување на тензиите, бидејќи тоа, додава, е најважно.
– Колку и да е тешко, нема да има предавање и Србија ќе победи – изјави Вучиќ.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Од ноќеска ново поскапување на дизелот, ова…
Малопродажнaта цена на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) се…
Костадинов ги повика политичарите на ВМРО-ДПМНЕ од…
Градоначалникот на Струмица, Костадин Костадинов ги повика…
Велибор Манев пред судот: „Сум манипулиран и…
Обвинетиот Велибор Манев, кој се товари за…
(Видео) Фирма на функционер на ВМРО-ДПМНЕ од…
Лиценца за испитен центар се издава за…
Власта бесрамно се фали со донациите на…
Левица ја оценува како крајно дрска и…