Објавено на:

Вучиќ: Србија се вооружува за разни џуџиња да не помислат дека можат повторно да и ја украдат територијата

t

Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Србија се вооружува за да се заштити, а не да се заканува некому во регионот. Тој рече дека коментарите дека вооружувањето на Србија е закана за мирот во регионот се „мантра на оние за кои ниту една Србија не е доволно мала или доволно понижена за да бидат задоволни со таква Србија“, пренесува Телеграф.

„Кога Србија се вооружува, се вооружува пред се од домашната индустрија. Се вооружува да си го заштити името, презимето, да си го заштити небото, земјата. За разни џуџиња да не помислат дека можат повторно да и ја украдат територијата. А Србија никогаш не му се заканувала на никого“, истакна Вучиќ.

Притоа тој реагираше на изјавата на воениот аналитичар од БиХ, Неџад Ахатовиќ, кој рече дека вооружувањето на Србија е закана за регионот и дека Србија си игра „мала Русија“ за да го обедини српскиот свет во регионот. Вучиќ одговори дека ваквите коментари се резултат на тоа што на некои им пречи тоа што економијата на Србија денес сочинува половина од вкупната економија на Западен Балкан.

„Кога зборувате за економијата на Западен Балкан, 50 проценти е Србија, 55 проценти од Западен Балкан е Србија, 62 проценти е Србија која привлекува странски директни инвестиции. И тогаш за каков Западен Балкан зборувате без да зборувате Србија“, праша тој.

„Затоа што таква Србија стана и земја која во моментов има највисока просечна плата во регионот, а во исто време и многу ниска стапка на јавен долг, а е членка на Евростат“, продолжи тој. Вучиќ се пожали дека сакаат да ја уништат Србија и дека во изминатите две години биле објавени повеќе од десет илјади написи во различни западни и регионални медиуми дека Србија напаѓа некого во регионот.

„Дека ние сме мали Руси кои, не знам што да правам, ќе слушаат нечии наредби. Зошто го кажуваат тоа? Има две причини. Едната е да и нанесуваат директна штета на Србија, а другата е дека тие тргнуваат од самите себе. Тие знаат какви следбеници се, знаат какви политички џуџиња се“, заклучи тој.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Иран: Блискиот Исток можеби никогаш повеќе нема…

Блискиот Исток можеби никогаш нема да види…

Хрватка се претставувала како директорка на банка,…

51-годишна жена од Хрватска лажно се претставувала…

Заев до Ципрас: Со договорот од Преспа…

Поранешниот премиер Зоран Заев му упати честитка…

Белата куќа испрати меил со сите изјави…

Во услови на тековниот израелско-ирански конфликт, Белата…

Израел ќе реализира летови за репатријација на…

Израелскиот превозник „ИзрЕр“ вели дека се подготвува…