Вучиќ утре во Скопје на самитот Брдо-Бриони

t

Претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, утре, понеделник 11 септември ќе ја посети Република Северна Македонија, јави дописникот на МИА од Белград.

Како што соопштија од Службата за соработка со медиумите на српскиот претседател, тој ќе учествува на самитот на Процесот Брдо-Бриони што ќе се одржи во Скопје.

Како што пишуваат медиумите, на покана на претседателот на Северна Македонија, Стево Пендаровски, Зоран Милановиќ од Хрватска и претседателката на Словенија, Наташа Пирц Мусар, на самитот ќе присуствуваат лидерите од регионот, претседателот на Србија Александар Вучиќ, претседателката на Косово Вјоса Османи Садриу, претседателот на Албанија Бајрам Бегај, членовите на Претседателството на Босна и Херцеговина Жељко Комшиќ, Денис Беќировиќ и Жељка Цвијановиќ и претседателот на Црна Гора Јаков Милатовиќ.

Гостите вечерва ќе имаат неформална вечера што ќе ја приреди претседателот Стево Пендаровски пред почетокот на самитот за лидерите на земјите учеснички.

Процесот Брдо-Бриони за прв пат се одржа во 2013 година, на иницијатива на претседателите на Словенија и Хрватска и е најпрестижната регионална иницијатива која дава политички резултати и го поттикнува политичкиот дијалог меѓу земјите од регионот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вучиќ: Курти се обидува да предизвика војна

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ обвини дека…

Протести ширум Србија: Граѓаните не сакаат ископ…

Во градовите ширум Србија вечерва се одржуваат…

В.д. директорот на Поштата на Србија: Продолжен…

В.д. директорот на Поштата на Србија, Зоран…

Србија ќе го награди Ноле со државна…

Новак Ѓоковиќ го освои златото на Олимписките…

Нов протест на Србите во Косово утре

Жителите на српските средини во Косово утре…