Вучиќ: Ќе спроведеме сѐ освен признавање на независноста на Косово!
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ вечерва изјави дека Србија на разговорите во Брисел јасно кажала дека треба да се спроведат сите потпишани договори, но со предупредување дека не може да се прифати независноста на Косово и членството на земјата во ОН.
„Отсекогаш нагласувавме само едно нешто, што е познато од самиот почеток, а тоа е дека Србија не може да го прифати членството на Косово во ОН и независноста на Косово“, изјави Вучиќ по разговорите во Брисел кои траеја повеќе од шест часа.
„Како и хартијата што ја добивме на 21 октомври, изразивме уверување дека тоа е добра основа за работа во иднина, а единствената резерва е членството на Косово во ОН и независноста“, додаде тој.
Вучиќ рече дека Србија е целосно подготвена за формирање на ЗСО во согласност со предлозите што се добиени.
„Заклучокот е дека не станува збор за некакви потписи, туку за спроведување на потпишаното“, истакна Вучиќ.
Тој додаде дека е неопходно да се постигне напредок, и дека на сите во Европа ќе им биде јасно кој го кочи напредокот.
Вучиќ рече дека не се разговарало за санкции против Србија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Србија ќе извезува пченица, пченка и зејтин…
За време на официјалните разговори во Каиро,…
Кина меѓу главните земји од кои се…
Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…
Амбасадата на САД во Приштина му се…
В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…
Чевртина од членовите на САНУ бараат Вучиќ…
Група од 25 членови на Српската академија…
Србија е загрижена поради поддршката на Црна…
Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…