Вучиќ ѝ даде рок од 50 дена на Русија да ја продаде НИС
Педесет дена ѝ даде рок Србија на Русија да ја продаде Нафтената индустрија на Србија (НИС), артеријата на целиот економски живот на земјата, чија работа е загрозена поради американските санкции. Ако по 50 дена не дојде до продажба, српските власти најпрво ќе воведат принудна управа во НИС, а потоа ќе им ја понудат на „руските пријатели“ највисоката цена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Сакаме да бидеме фер кон руската страна, да им дадеме повеќе време, да покажеме колку ни е важно и пријателството и да бидеме добар домаќин на која било инвестиција“, изјави Вучиќ.
Тој рече дека национализација нема да има затоа што, како што кажа, „не се ни комунисти, ни фашисти“.
Рафинеријата на нафта во Панчево претходно го запре работењето поради недостаток на сурова нафта, како последица на американските санкции.
Србија е подготвена 50 дена „да ги трпи сите последици, да Рафинеријата не работи, ништо да не работи, бидејќи ќе се снајдеме и ќе обезбедиме доволно снабдување на пазарот“, истакна Вучиќ.
Народна банка: Ќе го прекинеме платниот промет со НИС ако не добие лиценца Недолго по објавувањето на рокот за Русите, Народната банка на Србија (НБС) соопшти дека ќе го прекине работењето, односно платниот промет со НИС, доколку до предвидениот рок не добие лиценца за работење. Централната банка образложи дека оваа мерка ќе биде преземена за да не биде доведена во прашање стабилноста на домашниот финансиски систем, односно за платниот промет во земјата да функционира без пречки. Од воведувањето на американските санкции, на бензинските пумпи на НИС не беше можно да се плаќа гориво со Мастеркард и Виза картички, но можеше со Дина (и секако, со готовина). Бидејќи картичката Дина е во платниот систем на НБС, тоа би значело дека ни со неа нема да може да се плаќа гориво на пумпите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Вучиќ ѝ даде рок од 50 дена…
Педесет дена ѝ даде рок Србија на…
Радосна вест од Клиниката за детски болести:…
Нова радосна вест од Клиника за детски…
Влада повторно ќе се задолжува кај граѓаните:…
Државата повторно ќе се задолжува кај граѓаните.…
Операција „Орош“ во Албанија: По 12 часа…
Албанската полиција по долготрајна и високоризична операција…
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше,…
Владата именува повереници за општините Маврово Ростуше,…