Вучиќ ѝ даде рок од 50 дена на Русија да ја продаде НИС
Педесет дена ѝ даде рок Србија на Русија да ја продаде Нафтената индустрија на Србија (НИС), артеријата на целиот економски живот на земјата, чија работа е загрозена поради американските санкции. Ако по 50 дена не дојде до продажба, српските власти најпрво ќе воведат принудна управа во НИС, а потоа ќе им ја понудат на „руските пријатели“ највисоката цена, изјави претседателот на Србија Александар Вучиќ.
„Сакаме да бидеме фер кон руската страна, да им дадеме повеќе време, да покажеме колку ни е важно и пријателството и да бидеме добар домаќин на која било инвестиција“, изјави Вучиќ.
Тој рече дека национализација нема да има затоа што, како што кажа, „не се ни комунисти, ни фашисти“.
Рафинеријата на нафта во Панчево претходно го запре работењето поради недостаток на сурова нафта, како последица на американските санкции.
Србија е подготвена 50 дена „да ги трпи сите последици, да Рафинеријата не работи, ништо да не работи, бидејќи ќе се снајдеме и ќе обезбедиме доволно снабдување на пазарот“, истакна Вучиќ.
Народна банка: Ќе го прекинеме платниот промет со НИС ако не добие лиценца Недолго по објавувањето на рокот за Русите, Народната банка на Србија (НБС) соопшти дека ќе го прекине работењето, односно платниот промет со НИС, доколку до предвидениот рок не добие лиценца за работење. Централната банка образложи дека оваа мерка ќе биде преземена за да не биде доведена во прашање стабилноста на домашниот финансиски систем, односно за платниот промет во земјата да функционира без пречки. Од воведувањето на американските санкции, на бензинските пумпи на НИС не беше можно да се плаќа гориво со Мастеркард и Виза картички, но можеше со Дина (и секако, со готовина). Бидејќи картичката Дина е во платниот систем на НБС, тоа би значело дека ни со неа нема да може да се плаќа гориво на пумпите.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Дубровник им нуди на младите 45.000 евра…
Хрватскиот град Дубровник денеска објави јавен повик…
Kриумчари им наплатувале 470 евра на мигранти…
Мрежа од профили на Инстаграм ги убедувала…
„Ертракторите“ цел дел гаснат над Рамни Габер,…
Состојбата со пожари на отворен простор денеска…
Забранета водата за пиење во Демир Капија
Анализата на примерокот земен во понеделникот од…
Приведен штипјанец: Физички и психички ја малтретирал…
На 13.08.2026 во 23:50 часот во Штип,…