Вчера лишени од слобода 15 возачи поради возење без возачка дозвола, со активна забрана и под дејство на алкохол

t

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 15 возачи. Oд нив, шест за возење под дејство на алкохол, на територија на Делчево, Кичево, Гевгелија, гевгелиско и двајца во Скопје. Исто така, пет лица се лишени од слобода затоа што управувале возило без возачка дозвола, на територија на Скопје, Градско, светиниколско, Прилеп и неготинско. Четворица возачи пак се лишени од слобода поради возење со забрана за управување возило од Б категорија, и тоа еден во Гевгелија, еден во Скопје, а двајца во тетовско. По целосно документирање на случаите ќе бидат поднесени соодветни кривични пријави.

Апелираме до сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи, да не управуваат возило без положен возачки испит или доколку имаат изречена мерка за забрана за управување или доколку се под дејство на алкохол и сите заеднички да придонесеме за побезбеден сообраќај.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Вчера лишени од слобода 15 возачи поради…

Во текот на вчерашниот ден (27.02.2026), полициски…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

Претрес во Кавадарци, пронајдена дрога, лишено од…

Скопјанец насилно ограбен во Аеродром

Скопјанец вчера бил насилно ограбен во скопски…

83-годишен маж од Битола измамен за 10…

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР…

Пронајдена дрога во Битола, кривична пријава за…

Криминалистичката полиција при СВР Битола, до Основното…