83-годишен маж од Битола измамен за 10 илјади евра, му кажале внука му паднала по скали и било потребно да се направи итна операција!

t

На 24.02.2026 во 13:30 часот во СВР Битола, 83-годишник од Битола пријави дека бил измамен од едно лице за сума од 10.000 евра.

Според пријавеното, лицето му се јавило, се претставило како лекар и му кажало дека неговата внука паднала по скали и се здобила со тешки телесни повреди и било потребно да се направи итна операција, за што требало да плати.

Како што е пријавено, тој ги дал парите на едно лице кое дошло пред неговата врата, а откако подоцна се слушнал со неговиот син, сфатил дека е измамен.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

22-годишник од Дебарско пријавен за вонбрачен живот…

ОВР Дебар поднесе кривична пријава против С.Ц.(22)…

Мајка донела пакет за синот во „Идризово“,…

При редовна проверка на пакет во затворот…

Во изминатото деноноќие 11 пријави за семејно…

Во изминатото деноноќие, на територија на целата…

Тинејџер од Кочани украл електричен тротинет, па…

На 06.11.2026 во 19:00 часот во Скопје,…