Газдата на „Дурмо турс“ бара ново одложување на 10-годишната затворска казна
Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“, осуден за трагедијата кај Ласкарци, бара ново одложување на 10-годишната затворска казна. Судијата Ќирко Михајлоски за Телма рече дека во петокот, во гостиварскиот суд, пристигнало барање заедно со извештај од доктор-специјалист, според кој на Белули му е неопходно мирување постоперативно, најмалку од 20 до 30 дена од операцијата која му беше направена на 1 декември.
Михајлоски рече дека утре повторно ќе земе изјава од докторот што го оперирал Белули од кила на тестис во тетовската болница и ќе одлучи пред истекот на рокот, според кој сопственикот на „Дурмо турс“, треба да се појави во „Идризово“ до 15 часот утре.
Второобвинетиот шеф на возниот парк Ремзи Мифтари, пак, е во бегство и по него е распишана потерница, откако не се појави во „Идризово“ на издржување на 10-годишната казна. Претходно, и тој го одлагаше одењето во затвор поради оперативен зафат.
Во 2019-та година во близина на село Ласкарци, автобус на „Дурмо турс“ излета од патот и загинаа 16 луѓе, а над 30 беа повредени.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Газдата на „Дурмо турс“ бара ново одложување…
Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“, осуден…
Руски дипломат: На работ сме на договор…
Заменик-министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј…
Како да му веруваме на Мицкоски за…
„Дали не беше за премиерот Преспанскиот договор…
Белград: Мала но значајна победа на српските…
Џаред Кушнер се повлече од планираниот проект…
Милановиќ се надева дека ЕУ нема да…
Хрватскиот претседател Зоран Милановиќ денеска изјави дека…