Газдата на „Дурмо турс“ бара ново одложување на 10-годишната затворска казна

t

Дурмиш Белули, газдата на „Дурмо турс“, осуден за трагедијата кај Ласкарци, бара ново одложување на 10-годишната затворска казна. Судијата Ќирко Михајлоски за Телма рече дека во петокот, во гостиварскиот суд, пристигнало барање заедно со извештај од доктор-специјалист, според кој на Белули му е неопходно мирување постоперативно, најмалку од 20 до 30 дена од операцијата која му беше направена на 1 декември.

Михајлоски рече дека утре повторно ќе земе изјава од докторот што го оперирал Белули од кила на тестис во тетовската болница и ќе одлучи пред истекот на рокот, според кој сопственикот на „Дурмо турс“, треба да се појави во „Идризово“ до 15 часот утре.

Второобвинетиот шеф на возниот парк Ремзи Мифтари, пак, е во бегство и по него е распишана потерница, откако не се појави во „Идризово“ на издржување на 10-годишната казна. Претходно, и тој го одлагаше одењето во затвор поради оперативен зафат.

Во 2019-та година во близина на село Ласкарци, автобус на „Дурмо турс“ излета од патот и загинаа 16 луѓе, а над 30 беа повредени.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Канада воведува нови царини за американските производи

Канада од 8 септември ќе воведе царини…

Ангелов: Ја изгубивме контролата над пожарот во…

Центарот за управување со кризи известува дека…

Македонија и Kосово ја зајакнуваат царинската соработка:…

Царинските управи на Македонија и Косово во…

Американски воен транспортен авион слета во Москва,…

Американски воен транспортен авион утрово слетал на…

15-годишник приведен во Скопје, управувал мотоцикл без…

Вчера во 20:20 часот во Скопје, полициски…