(Галерија) Што може „Лазар 3“: Српската пешадија оперира во базата „Југ“

t

Во базата „Југ“ и на полигонот „Боровац“ во тек е обука на припадниците на Војската на Србија на оклопни борбени возила со тркала „Лазар 3“, соопшти српското Министерството за одбрана. – Пренесува
Станува збор за обука на професионалниот состав на пешадиски баталјони за извршување на борбени задачи со употреба на ова модерно оклопно возило, а фокусот е на вежбање борбени операции и процедури при изведување офанзивни дејствија. – Пренесува Спутник

Во рамките на обуката, припадниците на Војската на Србија го усовршуваат своето претходно стекнато знаење за системите и потсистеми на возилата, оружјето и одржувањето на ова борбено возило.
Оклопното борбено возило „Лазар 3“ е во арсеналот на војската на Србија од 2019 година.

Наменет е за извршување на борбени задачи на пешадиските единици во сите копнени и временски услови, а неговата доверливост и ефикасност се потврдени при експлоатација во единиците на Војската на Србија и во бројни тактички вежби, се вели во соопштението на Министерството.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) Претседателката ќе чека новата влада да…

Сиљановска ќе почека да се формира новата…

Од денеска поскапа регистрација на возилата

Поскапува регистрацијата на возилата од денеска, поради…

Опожарени две возила во Гази Баба

Две патнички возила „форд“ и „бмв“ со…

Британија размислува за испраќање војници во Украина?

Британската војска прави планови за непредвидени распоредувања…