Гасоводот станал решето: Шведска тврди дека открила четири точки на истекување од “Северен тек”

Шведската крајбрежна стража наводно открила четврто истекување на гасоводот Северен тек.
Крајбрежната стража соопшти дека го лоцирала истекувањето откако два цевководи што воделе од Русија до Германија биле оштетени на вкупно три места, објави шведскиот весник „Свенска дагбладет“.
„Две од овие четири штети се во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави за весникот портпаролката на крајбрежната стража Џени Ларсон. Останатите две штети се наоѓаат во данската ексклузивна економска зона.
Извор од британските одбранбени сили изјави за Скај дека истекувањето на гасоводот во Балтичкото Море е поврзано со употребата на далечински активирани подводни експлозивни направи.
Тој додаде дека мините можеле да бидат спуштени до морското дно на долго јаже, фрлени од страната на бродот или поставени до гасоводот со подводен дрон пред неколку месеци или дури и години.
Кога беше откриено првото истекување на гас, веќе три дена гас истекуваше во Балтичкото Море. Шведскиот национален сеизмолошки центар претходно соопшти дека станиците регистрирале „силни подморски експлозии“ во областа каде што се случи истекување на гас.
„Нема сомнеж дека станува збор за експлозии“, рече Бјорн Лунд, сеизмолог од Универзитетот во Упсала, кој е дел од националната сеизмичка мрежа на Шведска.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Шведска пренесе двајца повредени пациенти во Стокхолм
Шведска денеска со авион пренесе двајца повредени…
Шведска: Идентификуван 35-годишниот сторител на најтешкиот напад…
Според шведските медиуми, 35-годишниот Рикард Андерсон е…
Затворите во Шведска се преполни, се размислува…
Шведска може да испрати криминалци да ги…
Шведска бара работници, еве од кои професии!
И Шведска бара странски работници, објави schengen.news. Шведска…
Гаши се сретна со шведската амбасадорка Џеин
Претседателот на Собранието, Африм Гаши, денеска ја…