Гасоводот станал решето: Шведска тврди дека открила четири точки на истекување од “Северен тек”

t

Шведската крајбрежна стража наводно открила четврто истекување на гасоводот Северен тек.

Крајбрежната стража соопшти дека го лоцирала истекувањето откако два цевководи што воделе од Русија до Германија биле оштетени на вкупно три места, објави шведскиот весник „Свенска дагбладет“.

„Две од овие четири штети се во ексклузивната економска зона на Шведска“, изјави за весникот портпаролката на крајбрежната стража Џени Ларсон. Останатите две штети се наоѓаат во данската ексклузивна економска зона.

Извор од британските одбранбени сили изјави за Скај дека истекувањето на гасоводот во Балтичкото Море е поврзано со употребата на далечински активирани подводни експлозивни направи.

Тој додаде дека мините можеле да бидат спуштени до морското дно на долго јаже, фрлени од страната на бродот или поставени до гасоводот со подводен дрон пред неколку месеци или дури и години.

Кога беше откриено првото истекување на гас, веќе три дена гас истекуваше во Балтичкото Море. Шведскиот национален сеизмолошки центар претходно соопшти дека станиците регистрирале „силни подморски експлозии“ во областа каде што се случи истекување на гас.

„Нема сомнеж дека станува збор за експлозии“, рече Бјорн Лунд, сеизмолог од Универзитетот во Упсала, кој е дел од националната сеизмичка мрежа на Шведска.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Шведскиот парламент изгласа намалување на возраста за…

Шведскиот парламент гласаше за намалување на возраста…

Разбиена руска шпионска операција во Шведска

Шведската безбедносна служба САПО денеска објави дека…

Шведска усвои закон за мигранти — кој…

Шведскиот парламент гласаше за заострување на законите…

Шведска пресретна два руски борбени авиони

До ова дошло во два наврати во…

Експлозија на гас во зграда во Италија:…

Три лица денеска загинаа, а две се…