Гаши за утре закажа седница на собраниската Комисија за надзор над работата на АНБ и АР
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре во 11 часот ја закажа на Комисија за надзор над работата на Агенцијата за национална безбедност и на Агенцијата за разузнавање во врска со актуелните сомнежите за незаконско прислушување од Агенцијата за национална безбедност (АНБ), кое се вршело во периодот од 2019 до 2024 година.
Како што информираат од собраниската прес-служба, со седницата ќе претседава пратеничката на СДСМ, Славјанка Петровска.
Ова следи откако членот на собраниската Комисија за надзор на АНБ и АР пратеникот Љупчо Пренџов вчера јавно го повика претседателот на Комисијата Скендер Реџепи од европскиот фронт да закаже итна седница. Претседателот на Комисијата Скендер Реџепи вчера одговори на повикот дека додека е претседател и дискриминиран нема да повика таков состанок.
Претседателот на собраниската Комисија за политички систем и односи меѓу заедниците Љупчо Пренџов на прес конференцијата по јавната расправа за потребата од измени на законската регулатива со
-Целта е на седницата да се разгледаат загрижувачките сомнежи за незаконско постапување во АНБ, односно, да утврдиме точен датум за официјална посета во Агенцијата за национална безбедност преку која ќе извршиме директен увид во состојбите и темелно испитување на сите околности поврзани со овие настани, истакна Пренџов.
Овие случувања, според пратеникот, предизвикаа силна вознемиреност во јавноста и, како што рече, ја поткопуваат демократијата и довербата во институциите задолжени за заштита на националната безбедност.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Гаши за утре закажа седница на собраниската…
Претседателот на Собранието, Африм Гаши за утре…
ВМРО-ДПМНЕ одговара во име на АНБ: Не…
„СДС блефира и свесно бара нешто што…
ОЈО ГОКК оформи предмет за наводното следење…
Јавното обвинителство нема никаква можност за незаконско…
Не се изгласа пакетот закони поднесен од…
Власта е глува пред крикот на младите…
Поранешниот директор на АНБ: Одговорно тврдам дека…
Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност,…