Поранешниот директор на АНБ: Одговорно тврдам дека Мицкоски не бил следен, да се декласифицираат документите за наводни злоупотреби!

t

Поранешниот директор на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски во објава на социјалните мрежи ги демантира тврдењата на актуелниот директор на АНБ и на премиерот Мицкоски дека Мицкоски бил следен. Димовски бара да се декласифицираат документите за кои се зборува.

Во продолжение објавата на Виктор Димовски:

– Во текот на вчерашниот ден од страна на премиерот и од актуелниот директор на Агенцијата за национална безбедност беа изнесени сериозни обвинувања за наводна злоупотреба на државни ресурси за прислушкување на поранешниот лидер на опозицијата (сега премиер), бизнисмени и новинари од страна на АНБ и Агенцијата за разузнавање.

Со оглед на тоа што во претходен брифинг за медиуми во АНБ бил споменат периодот од 2019 до 2024 година во дел од кој и јас ја извршував должноста директор на АНБ, одговорно тврдам дека тој како лидер на тогашна опозициона партија во периодот од 2019 -2022 година не бил предмет на посебен оперативен интерес на Агенцијата, не бил предмет на организирана оперативна работа, а со тоа ниту таргет кон кого биле применувани било какви оперативно-технички мерки.

Точно е дека во наведениот период согласно законските надлежности во Агенцијата имаше постапка за преиспитување на проверките за безбедносни сертификати, вклучително и за еден тогашен и сегашен пратеник поради оддавање на класифицирана информација, а за што му беше поднесена соодветна кривична пријава до надлежното обвинителство.

Во врска со тоа, на мое барање на дневен ред на надлежната собраниска Комисија за надзор на работата на АР и АНБ беше ставена точката за информирање за случајот и изнесените наводи во електронските медиуми од негова страна.

Со оглед на сериозноста на изнесените наводи на синоќешниот прес и на претходниот брифинг во АНБ го повикувам директорот на Агенцијата веднаш и неодложно да ги декласифицира документите за наводни злоупотреби, а особено тие кои се однесуваат на прислушкување на тогашниот лидер на опозицијата.

Македонската јавност има право да знае кој тоа предлагал, барал, одобрувал и кој ги извршувал наводните прислушкувања!

Очекувам дека овојпат нема да има криење со изговори од типот “класифицирани информации со степен на државна тајна”, посебно после последните неколку објави во некои “информирани медиуми” кои лифериваат конкретни имиња на лица кои наводно биле таргет на Агенцијата, вклучително и податоци за идентитетот на вработени и тајни соработници. – напиша Димовски.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица: Економскиот раст на Мицкоски е статистичка…

Фалбите од собраниска говорница, на Христијан Мицкоски…

Судир на шпионски мрежи во кабинетот на…

Странски служби мешетареле во кабинетот на претседателката…

АНБ: Луѓето што се обидоа да ја…

Агенцијата за национална безбедност (АНБ) информира дека…

Потпишан Меморандум за соработка меѓу Јавното обвинителство…

Јавниот обвинител на Република Северна Македонија Ненад…

Скандал во АНБ Црна Гора: експлицитни снимки,…

Афера со протечени експлицитни снимки и фотографии…