Генерален штрајк на вработените во образованието, науката и културата
За денеска е најавен генерален штрајк на вработените во образованието, науката и културата. Тие бараат исплата на минималната плата според законот и усогласување на останатите плати со минималната. Од Владата се согласни дека треба да има зголемување на платите, но сметаат дека тоа не треба да се направи наеднаш затоа што може да предизвика инфлација.
Според синдикатите, барањата се реални и неопходни, а незадоволството кај членството е се поголемо. „Бараме линеарно зголемување на сите плати до 2.806 денари, исплата на минимална плата по закон и потоа корекција на платите на сите вработени кои треба да добијат над минималната плата. Редно е Владата да најде средства и да ги зголеми еднаш за секогаш платите во администрацијата, изјави во минатата недела претседателот на Синдикатот на вработените во управата, правосудството и здруженијата на граѓани (УПОЗ), Трпе Деановски.
Премиерот Димитар Ковачевски пак е на став дека платите треба да растат, но не наеднаш затоа што тоа може да предизвика инфлаторски притисок. Тој смета дека решенијата треба да се бараат преку преговори за сите страни да бидат задоволни, а не прво да се организираат протести и штрајкови.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Апелациониот суд во Ниш го укина решението…
Советот на Апелациониот суд во Ниш вчера…
Новогодишна честитка на ССМ: Работната недела да…
Градење на системско решение и обезбедување на…
Си: Никој не може да го спречи…
Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска изјави дека…
Обвинителството во Нови Сад најави објавување на…
Вишото јавно обвинителство во Нови Сад на…
Без ВМРО-ДПМНЕ уставни измени нема да има,…
Нема да има политичка волја додека јас…