Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ и тоа Северна Македонија мора да го има предвид

t

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор и во Европската Унија и во регионот, a тоа Северна Македонија мора да го има предвид – ние сме земја-членка на ЕУ, а Северна Македонија засега е само кандидат“, изјави бугарскиот министер за надворешни работи Георг Георгиев во врска со извештајот на Европскиот парламент, од кој беа избришани „македонскиот јазик и идентитет“.

Во разговор за bTV, Георгиев потсети дека спорот за историјата им бил оставен на историчарите кога бил потпишан Договорот за пријателство и добрососедство.

„Темите поврзани со јазикот и идентитетот треба да ѝ припаѓаат на научната заедница. Имаме заедничка историја и ова не треба да биде присвојувано од никого“, рече министерот за надворешни работи.

„Мицкоски спроведува кризен ПР, веројатно за да се оправда пред сопствените граѓани затоа што ги излажал. Верувам дека граѓаните на Северна Македонија, кои го заслужуваат своето членство во ЕУ и заслужуваат лидери кои можат да ги водат кон тоа, можат да разликуваат што е реално на патот на европската интеграција, а што ги оддалечува од неа“, додаде Георгиев.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Георгиев: Бугарија е фактор во ЕУ и…

„Бугарија е силна земја, Бугарија е фактор…

Панче си отиде дома со возило не…

И после изјавава Панче си влезе во…

Чета за атомско биолошка и хемиска одбрана…

Еден тим од Четата за атомско биолошка…

Тошковски: За дел од пожарите се сомневаме…

Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по…

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…

Нормализиран сообраќајот кон ГП Блаце, од клучките…