Тошковски: За дел од пожарите се сомневаме дека се подметнати
Министерот за внатрешни работи Панче Тошковски, по седницата на владиниот Кризен штаб попладнево изјави дека има сомнежи дека дел од пожарите се подметнати.
Вели дека ова беше тежок ден за справување со пожарите.
„Причина за ширење во најголема мера беа неповолни временски услови и силен ветер, но за дел имаме основи на сомнение дека се подметнати од човечки фактор близу клучни инфрастриктурни капацитети, патишта, густо населени области и приватни објекти“, изјави Тошковски.
Од околу 20 пожари, Тошковски рече дека во овој момент сите се под контрола. Под контрола се пожарите во Дојран, Николиќ, Крива Паланка, Орман, Волково, пожарот во Самоков и во Визбегово, а активиран е и европскиот механизам за помош во справување со пожарите.
„Максимално се ставаат во функција сите капацитети на државата во функција, со тоа што морам да истакнам дека од Грција се дадени на испомош два канадери, кои што ќе бидат ставени во функција, како и два пешадиски тима кои се ставени на располагање преку ЕУ механизмот. Сите владини институции целосно се мобилизирани и активно се вклучени на терен. Во приправност се ставени 300 војници, од кои околу 150 активно беа вклучени на терен, како и околу 400 полициски службеници, кои беа активно вклучени на терен“, изјави Тошковски.
Тошковски, рече дека, не би можел да открива детали, но посочи дека многу е симптоматично тоа што, како што се неутрализира еден пожар, набрзо започнува втор, трет и сите се поврзани со одредена клучна инфраструктура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Украински напад врз една од најголемите руски…
Украина изврши напад врз рафинеријата за нафта…
Палмер: Македонија направи сè што Европската унија…
Македонија направила сè што Европската унија побарала…
(Видео) Цистерна и комбе се судрија кај…
Цистерна и комбе утрово се судрија на…
(Видео) Русија го остави Киев без струја,…
Жителите на станбениот комплекс Варшавски во Киев…
Почина Џевад Прекази, еден од најпознатите фудбалери…
Имаше 69 години, а веста за неговата…