Герасимовски призна: На местото од изгорената “Треска” ќе се градат згради, само не знае точно колку

t

Ден по пожарот во фабриката „Треска“, истражните органи откриваат како настанал пожарот. Полицијата на терен никој не пропушта внатре во кругот на фабриката со образложение дека се врши увид.

Но, од Обвинителството велат дека во текот на денот обвинител не излегол за да направи увид. Утринава имаше и нов пожар во кругот на фабриката, а до негово целосно локализирање, увид нема да има. -пишува Алсат.

„Дежурниот јавен обвинител беше известен телефонски од службите на терен дека на локацијата сè уште не се создадени услови за да се изврши увид на лице место. Откако ќе завршат сите активности поврзани со гаснење на пожарот и обезбедување на локацијата, ќе биде извршен увид на лице место и ќе бидат издадени насоки за утврдување на причините“, наведоа од Обвинителството.

Граѓаните коишто живеат во близина на „Треска“ сведочат дека и претходно имало пожари. Дел од нив се сомневаат дека вчерашниот пожар бил подметнат.

„Подметнат…
– Зошто?
Па, планира некој тоа плацче да го искористи изгледа“, оценуваат граѓаните.

На оваа локација, сепак ќе никнат згради. Градоначалникот на Центар, Горан Герасимовски вели дека допрва ќе се прави план колку згради ќе има. Планерска куќа ќе го подготвува Деталниот урбанистички план, по архитектонското идејно решение направено за делот кај „Треска“. Но, не се знае дали ќе има 30 згради како што беа предвидени. Герасимовски сепак, потврди дека некои инвеститори бараат да купат државна земја. Станува збор за околу 47% државно земјиште во кругот на фабриката, а околу 15% од него се бара да се купи.

„Ние како Општина и јас како градоначалник ќе дадеме сè од себе за што помалку од државното земјиште да се отуѓува. И сè што ќе остане во државна сопственост да биде за јавно добро, да биде во дел на што повеќе зеленило…“, рече Герасимовски.

Фабриката за мебел „Треска“ со години не работи, но во неа се останати многу лесно запаливи материјали.

Извор: Алсат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица повикува утре на протест пред фабриката…

Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…

(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…

Архитектот и член на Централниот комитет на…

Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…

Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…

Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…

Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…

Герасимовски призна: На местото од изгорената “Треска”…

Ден по пожарот во фабриката „Треска“, истражните…