Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од “Треска” најверојатно нема да предизвика рак на белите дробови кај околните жители, опасно е ако изложувањето е интензивно

t

Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на трудот, за Слободен печат ги коментира настаните околу пожарот во „Треска“ и азбестот. Според него, граѓаните во областа околу просторот каде се случи пожарот не би требало да имаат нешто повеќе од краткорочна, ниска изложеност на азбестни влакна од овој пожар, која многу веројатно нема да продуцира здравствени проблеми како рак на белите дробови или плеврата.

„Кога се говори за пожарот во Треска и азбестот, треба да знаете дека ризикот по здравјето на човекот постои при вдишување на азбестни влакна кога истите се ослободуваат во поголеми концентрации и кога луѓето се изложени на истите подолго време, а ова најчесто го среќаваме кај работници при професионалната изложеност на азбест (високи концентрации на азбестни влакна се ослободуваат при кршење, дробење, мелење и ситнење на материјалите и производите кои што содржат азбест). Азбестот не гори и не испушта токсични гасови, не се раствора во вода, а неговите влакна се носат со чадот и прашината, поради кое луѓето кои живеат во околината веројатно можат да бидат некое време изложени на истите и до тука сме во ред“, вели тој.

Доктор Ефкоски додава дека во медицината на трудот, секогаш советите за работодавачите кои работаат со азбест, се да обезбедат работниците да не им бидат изложени на поголема концентрација од 0,1 азбестно влакно на 1 сантиметар кубен воздух, измерени во однос на 8 часовен пондериран временски просек (ПВП).

Во надворешниот простор воздушните кубици се премногу за да има можност за поголема концентрација на азбестни влакна при вакви пожари (освен ако не стоите веднаш до изворот или пожарот не е во фабрика во чие производство се користи азбест), поради кое во повеќето ситуации не се очекува засегнатите граѓани да имаат проблеми со здравјето. Уште еднаш да повториме: Негативни ефекти врз здравјето од изложеноста на азбестни влакна, се забележани кај работници кои биле изложени на повисоки концентрации од препорачаните за работното место при подолг временски период (со години!!). Краткотрајното изложување може да е проблематично само ако е интензивно!, дециден е Ефкоски.

Извор: Слободен печат

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Левица повикува утре на протест пред фабриката…

Ве повикуваме во вторник на 31-ви октомври…

(Видео) Јанков: Градоначалник кој се плаши да…

Архитектот и член на Централниот комитет на…

Специјалист по медицина на трудот: Азбестот од…

Доктор Илчо Ефкоски, специјалист по медицина на…

Арсовска на состанок со Кризниот штаб: Да…

Состанок на Кризниот штаб на Град Скопје…

Герасимовски призна: На местото од изгорената “Треска”…

Ден по пожарот во фабриката „Треска“, истражните…