Германија ги советува своите граѓани да не патуваат на северот на Косово

t

Министерството за надворешни работи на Германија ги советува своите граѓани да не патуваат на северот на Косово.
Ова предупредување се најде на веб-страницата на МНР уште од протестите минатата година по изборот на нови градоначалници на северот на Косово.

Во ажурираното предупредување, на германските граѓани кои патуваат за Косово преку Србија и обратно, им се препорачува да не поминуваат низ четирите општини на северот на Косово.

„Не се препорачува патување на северот на Косово (општините Зубин Поток, Лепосавиќ, Звечан и Северна Митровица). Ситуацијата на северот на Косово и понатаму е тензична поради политичките тензии меѓу Косово и Србија. Во текот на изминатата година имаше неколку демонстрации, материјална штета и жестоки судири во кои беа повредени десетици војници на КФОР, како и неколку цивили и полицајци, а во септември 2023 година, меѓу другите, загина и еден полицаец. Косовската полиција, ЕУЛЕКС и КФОР го зголемија своето присуство во тие области. Сепак, не се исклучува можноста да има дополнителни безбедносни инциденти кои би можеле да ги погодат и странците. Може да има и повремено затворање на поединечни гранични премини меѓу Косово и Србија“, се наведува во предупредувањето.

На германските граѓани им се препорачува да ги одложат патувањата на северот на Косово, доколку отидат, да ги следат упатствата на локалните безбедносни сили, да избегнуваат демонстрации и големи собири на луѓе, за да се информираат за актуелната безбедносна состојба во локалните медиуми.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Протече стратешки документ на германската армија: „Русија…

Германската војска ја смета Русија за „егзистенцијален…

Кина меѓу главните земји од кои се…

Увозот во Косово во периодот јануари-април 2025…

Амбасадата на САД во Приштина му се…

В.Д амбасадорката на САД во Приштина, Ана…

Србија е загрижена поради поддршката на Црна…

Српското Министерство за надворешни работи изрази загриженост…

Косово ќе прифати до 50 мигранти од…

Косовската влада денес одлучи да прифати до…