Германија депортирала 36 лица во Македонија и Србија – меѓу нив и осудени криминалци
Според извештаите на медиумите, германските власти во вторникот депортирале 36 лица во Србија и Македонија. Станува збор главно за лица чие барање за политички азил е одбиено, а меѓу нив има и осудени криминалци.
Првиот чартер како дел од најновата офанзива за депортирање на германската влада започнал пред две недели за Авганистан. Вториот во вторник (17 септември) од Хамбург до Белград и Скопје. Според весникот „Билд“, во него имало 36 лица, главно државјани на Србија и Косово, на кои им било ускратено правото на азил или поради некоја друга причина немаат право да останат во Германија, пренесува Дојче веле на хрватски јазик.
Чартер-летот на полската компанија „Ентер ер“ бил изнајмен од најсеверната германска сојузна покраина Шлезвиг-Холштајн, па се претпоставува дека тие се депортирани и регистрирани во оваа покраина.
За разлика од летот за Кабул на крајот од август, овој лет за Белград и Скопје не се смета за некаква сензација, пишува „Дојче веле“.
Иако организациите за човекови права укажуваат на лошата состојба во Авганистан и се противат на депортациите таму, протерувањата во Западен Балкан се сметаат за рутина. Во првиот квартал од оваа година, германските власти веќе протерале 795 лица во Србија и Косово. Западнобалканските земји, вклучувајќи ги Србија и Косово, од 2014 година се сметаат за „безбедни земји“, што овозможува депортација по скратена процедура.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија депортирала 36 лица во Македонија и…
Според извештаите на медиумите, германските власти во…
Српски дипломат нападнат во Германија
Српскиот дипломат во Германија бил нападнат на…
Српски џудист доби суспензија на пет месеци…
Српскиот џудист Немања Мајдов се најде во центарот на…
Од денес Германија воведува радикални правила за…
Германија во понеделникот ги прошири граничните контроли…
ЕКСПЛОЗИЈА ВО КЕЛН: Во тек е полициска…
Во центарот на Келн утрово се случила…