Германија е клучен партнер на Македонија на патот кон ЕУ

t

Германија е клучен политички партнер на Македонија, кој и натаму ќе не поддржува во реформските напори кои ги преземаат институциите во земјава со цел брз напредок при пристапните преговори со Европската Унија, констатираа на денешната средба министерот за надворешни работи Бујар Османи и претседавачот на Комитетот за Европската Унија во германскиот Бундестаг, Антон Хофрајтер.

Хофрајтер ја повтори заложбата дека Германија ќе продолжи и во иднина со сиот свој политички и институционален капацитет да ја поддржува Македонија на патот кон полноправно членство во ЕУ.

Политичко – безбедносните прашања и економските предизвици со кои се соочува европскиот континент поради руската инвазија врз Украина, исто така беа предмет на разговор меѓу двајцата соговорници, кои ја истакнаа важноста од заеднички одговор за зачувување на европската и светската  безбедност и отпорност, соопшти МНР.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Правда „засука ракави“: Изготвени дваесетина закони како…

Со новите измени на кривичниот законик ќе…

(Видео) Никакво рационално објаснување зошто се чекаше…

Нема никакво рационално објаснение зошто после полни…

Филипче од Атина: Македонија е заглавена со…

Лидерот на СДСМ, Венко Филипче, на меѓународна…

Фон дер Лајен предложи нов пакет санкции…

Во вторник, Европската комисија (ЕК) го предложи…

Ковачев: Мицкоски манипулира, во извештајот на ЕУ…

„Во нацрт-извештајот на Европскиот парламент нема многувековен…