Германија е најголема европска економска сила: Лани создале 4.000 милијарди евра
За да се процени кој е кој во ЕУ и чиј глас најмногу се слуша доволно е да се знае дека лани трите најголеми економии на ЕУ биле: Германија, Франција и Италија кои заедно создале над 50 отсто од вредноста на целата економија на сите земји членки на ЕУ.
Во Европа ништо ново! Ова би бил прв заклучок ако се погледнат официјалните податоци на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за тоа колку новосоздадена вредност лани креираа сите држави членки на Европската унија.
Неприкосновен економски лидер или како што многумина сакаат да ја претстават мотор на бродот наречен Европска унија (ЕУ) претставува Германија. Исто како што беше и досега. Оваа најбројна европска држава останува лидер по индустриското производство на ЕУ, а воедно и лидер по извозот на машини, вклучително и возила, а особено на високософистицирана машинска опрема ширум светот. Истото важи и за извозот на хемиската индустрија, особено БАСФ – најголема европска хемиска индустрија со седиште во Германија.
Сите нејзини индустрии (стокови и услужни) лани придонеле германската национална економија лани да произведе новосоздадена вредност од 4.000 милијарди евра. За да ја доловиме вредност на овој податок ќе го ставиме во контекст на целата новосоздадена вредност во ЕУ лани кој изнесува 16.000 милијарди евра. Тоа значи дека Германија сама создава 24 отсто од целата економија на ЕУ.
Втора најголема економија на ЕУ останува да биде Франција, која според површината е најголемата европска држава. Воедно Франција е најголема нуклеарна и воена сила на ЕУ (од аспект на производство на воени оружја и орудија), а исто така е и најуспешен производел на вина и има највисоко развиена вселенска програма од сите држави на ЕУ. Француската економија лани создала 17 отсто отсто од целата вредност на економијата на ЕУ. Тоа се 2.800 милијарди евра.
Во големата ЕУ економска тројка е уште Италија. Нејзината економија лани кон ЕУ придонела со 12 отсто. Преведено во пари тоа значи создава точно 2.000 милијарди евра.
Единствено Шпанија е европска национална економија која лани успеала да создаде нова вредност повисока од една милијарда евра. Оваа голема апениска држава, позната особено по туризмот и фудбалот, лани создала нова вредност од 1.400 милијарди евра односно 8 отсто од европската економија.
Најголемиот производител на храна во ЕУ, Холандија лани е петта најголема економија во ЕУ. Нејзината национална економија создала 991 милијарда евра што прави 6 отсто од целата економија на ЕУ.
Втората најбројна нација во ЕУ , Полска е шеста најголема економија и во ЕУ учествува со 4 отсто односно 716 милијарди евра.
Следна е Шведска со нето новосоздадена вредност од 640 милијарди евра, пред „малата“ Белгија со 590 милијарди евра и Ирска со 520 милијарди евра. Има уште една мала по територија, но голема економија во ЕУ, а тоа е Австрија. Таа лани создала 468 милијарди евра односно 4 отсто од европската економија.
Со по 2 отсто во екононијата на ЕУ учествуваат: Данска, Романија, Финска, Чешка и Португалија.
Нашиот јужен сосед Грција е најголема економија во нашето опкружување и европски лидер по туризам. Но, во европската економија учествува со само 1 отсто односно 222 милијарди евра. На слично ниво лани придонела и економијата на Унгарија.
Сите други членки на ЕУ имаат новосоздадена вредност помала од 1 отсто односно помалку од 160 милијарди евра.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија ги повика своите граѓани или да…
Германското Министерство за надворешни работи повторно ги…
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Курсна листа: Еве колку чинат валутите денес
Според курсната листа на НБРМ средниот курс…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
(Видео) Битиќи: Во најава е „Франкенштајн економија”, …
„Наместо фискална консолидација, имаме тотална фискална деструкција.…