ГЕРМАНИЈА Е НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИЕР НА БУЏЕТОТ НА ЕУ – Во кои земји завршуваат најголем дел од парите?

t

Во 2023 година, Германија уплати околу 17,4 милијарди евра повеќе во буџетот на ЕУ отколку што доби, што ја прави најголемиот нето-придонесувач. Годината пред тоа дала 19,7 милијарди евра, пишува германската агенција ДПА повикувајќи се на анализа Германскиот економски институт.

На второ место е Франција, која лани плати речиси 9 милијарди евра повеќе отколку што повлече од буџетот на ЕУ. Италија е на трето место, со нето придонес од околу 4,5 милијарди евра.

Најголем нето-примател во 2023 година, како и една година пред тоа, лани била Полска со 8,2 милијарди евра. Зад неа се Романија со 6 милијарди евра и Унгарија со 4,6 милијарди евра.

Споредбите, пак, на уплатата во буџетот на ЕУ по главна на жител, покажуваат дека Ирска е на врвот со 236 евра. Во Германија исплатите изнесуваат 206 евра по жител.

Буџетот на Унијата во 2023 година изнесува 173,1 милијарди евра. Од нив 143,4 милијарди евра отидоа за земјите-членки.

Дополнително, имаше средства од европскиот фонд за закрепнување од пандемијата од 66,1 милијарди евра, од кои 64,6 милијарди евра се искористени од членките.

Како најголем нето финансиер на Унијата, Германија обезбедува речиси четвртина од средствата. Во исто време, германската влада нагласува дека Германија има и поголема корист од внатрешниот пазар на ЕУ од која било друга земја-членка.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ГЕРМАНИЈА Е НАЈГОЛЕМ ФИНАНСИЕР НА БУЏЕТОТ НА…

Во 2023 година, Германија уплати околу 17,4…

Се трага по 40-годишниот Драган Стојанов –…

Се трага по 40-годишниот Драган Стојанов од…

Донесени измените за урбанизам во скратена постапка…

На денешната собраниска седница, пратениците од ДПМНЕ,…

Полицијата фати малолетник со дрога во Скопје

Вчера и денеска полицијата апсење за дрога…

Загина 17-годишно момче: Возач на автобус на…

Основното јавно обвинителство Скопје поведе постапка против…