Германија: Израел да ја почитува слободата на медиумите

t

„Во таква тензична ситуација како што се наоѓаме во моментов, слободата на печатот е, се разбира, исклучително вредна предност“, изјави портпаролката на германското Министерство за надворешни работи.

Таа побарала на претставниците на медиумите на терен да им се овозможи слободен пристап во нивното известување.

Новинарите од германскиот јавен радиодифузен сервис АРД соопштија дека биле привремено приведени и под закани од израелски војници на Западниот Брег додека известувале за насилните напади на екстремистичките еврејски доселеници врз Палестинците.

Како што јави АРД, војниците се однесувале крајно агресивно кон новинарите и постојано го вперувале оружјето кон возилото на репортерот.

Инцидентот се случил во вчера попладне откако ТВ-екипата на јавниот радиодифузен сервис Bayerische Rundfunk (BR), која е задолжена за дописниците во Тел Авив, се враќала од снимање на извештај за насилството на израелските доселеници врз Палестинците.

„Војниците ни се закануваа со оружје и не прашуваа дали сме Евреи. Тие го навредуваа нашиот колега како предавник“, рече Кристоф Кицлер, дописник на АРД. Тој рече дека ситуацијата се смирила дури по повеќе од еден час, откако биле повикани други војници и полицајци.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…

Рутe: Сите членки на НАТО се обврзаа…

Сите земји-членки на НАТО, вклучувајќи ги и…

Без струја останаа Македонската телевизија, судовите, Антикорупциска…

Поради дефект во електродистрибутивната мрежа и прекин…

Јовановска: Советниците од ДПМНЕ избегаа за да…

Советниците на ДПМНЕ во Советот на Град…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…

Марко Колев го остави Велес без еколошка…