Објавено на:

Запленети над два тона сув цвет од канабис од објект на правно лице во Зелениково    

t

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници од  Бирото за јавна безбедност, Единицата за недозволена трговија со дрога при Одделот за криминалистичка полиција и Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, со поддршка на Единицата за брзо распоредување, од објект на правно лице за производство на марихуана за медицински цели, лоциран  во општина Зелениково, одземени се 2014 килограми сув цвет од растението канабис.

Канабисот е одземен од управителот Ш.Ф.(43) од Република Турција, поради утврдени нерегуларности во работењето, спротивно на Законот за контрола на опојни дроги и психотропни супстанции, за што веќе против правното лице и управителот од страна на МВР е поднесена кривична пријава по чл.95-в од Законот.

Одземениот канабис е сместен во магацинот на Агенција за управување со одземен имот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

(Видео) НОЌЕСКА СПРЕЧЕНА КАТАСТРОФА ВО ЗЕЛЕНИКОВО –…

Ноќеска била спречена трагедија во Зелениково, сподели…

Драма на аеродром во Шри Ланка: Уапсени…

Дваесет и двајца будистички монаси беа уапсени…

Се огласи здружението за канабис „Билка“ –…

По заплената на пет тони марихуана во…

Скопјанец во фолија во двор одгледувал канабис

На 16.09.2025 околу 12:30 часот во с.Ајватовци,…

Запленети над два тона сув цвет од…

Денеска (25.06.2025) од страна на полициски службеници…