Германија планира воведување на задолжителен воен рок
Германија ги разгледува опциите за враќање на задолжителниот воен рок, пренесуваат германските медиуми. Како што се појаснува, експертите од германскиот одбранбен ресор сметаат дека во итни случаи не би било можно неколкукратно да се зголеми бројот на војници со помош на волонтери. Поради тоа, шефот на Министерството за одбрана на земјата Борис Писториус сака по примерот на Шведска да воведе нов вид воен модел.
– Соодветниот предлог министерот ќе го соопшти најдоцна на почетокот на јуни, откако на состанокот на раководството на организацијата во Оснабрук му биле претставени три концепти, пишува весникот „Велт ам зонтаг“.
Според првиот предлог, нема одредба за задолжителен воен рок, но се прават напори да се искористат сите можности за доброволно служење воен рок. Според оваа опција, сите граѓани кои наполниле 18 години ќе бидат регистрирани и ќе добиваат информативен материјал како мотивација за воената служба. Доколку има интерес, ќе следи консултативно интервју и анализа на потенцијалните можности .
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Германија бара од Србија да соработува со…
Германската амбасада во Приштина објави дека српските…
Германската полиција застрела 30-годишна Бугарка – Напаѓала…
30-годишна Бугарка беше застрелана од полицијата откако…
Во пакет на DHL пронајден бел прав…
Најмалку 12 лица се повредени откако во…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
На Германија ќе ѝ бидат потребни до…
Судот одлучи дека Германија не смее да…
И покрај пресудата во корист на мигрантите…