Објавено на:

Германската министерка за надворешни децидна: Македонија и Албанија треба да ги почнат преговорите со ЕУ до јули

t

Македонија и Албанија треба да ги започнат преговорите за членство во ЕУ во првата половина на 2022 година, изјави германската министерка за надворешни работи Аналена Бербок.

– Земјите како Украина, како и други држави, одамна ја гледаат својата иднина во ЕУ. Не само што нема да ги разочараме овие земји, туку ќе го одржиме ветувањето за членство во Европската унија. Тоа важи и за некои земји од Западен Балкан, пред се Албанија и Македонија, и токму затоа сега во првата половина од годината мора конечно да ги започнеме пристапните преговори со Тирана и Скопје, рече Бербок по средбата на министрите за надворешни работи на ЕУ во Луксембург.

Според неа, отворањето на пристапните преговори со двете земји е одамна задоцнет чекор.

Бербок нагласи дека имала билатерални разговори со бугарската министерка за надворешни работи Теодора Генчовска, при што двете се согласиле дека во сегашната ситуација клучно е да започнат преговорите за влез на Албанија и Македонија во ЕУ.

Таа упати порака и до српските власти дека мора да ги поддржат политиките на ЕУ, вклучително и санкциите кон Русија, доколку Белград сака да стане дел од Европската унија.

– Истото важи и за другите земји од Западен Балкан, кои овие недели јасно ставија до знаење дека повеќето од нив својата иднина, својата безбедност ја гледаат во ЕУ. Затоа тие ги поддржуваат европските санкции. Ако некој претендира да стане член на Европската унија, што Србија го сака, тогаш поддршката за надворешната политика на ЕУ и поддршката за санкциите е клучна, рече Бербок

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Албанија ќе обучува украински војници

Албанската влада донесе одлуката за учество на…

Како членките на ЕУ им помагаат на…

Податоците на Евростат велат дека во 2021…

Раскинат е договорот со фирмата која го…

Раскинат е договорот со „Енергоинвест“ ДОО Сараево,…

Фон дер Лајен: Постигнати се пресвртници во…

Претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер…

Нова тепачка во албанскиот парламент

Ден пред заедничката седница на парламентите на…