Германските политичари се сѐ почесто жртви на физички напади
По нападот врз европратеникот на СПД Матијас Еке во Дрезден, кој мораше да биде опериран, министерката за полиција Ненси Фесер бара построги закони за заштита на членовите на партиите за време на кампањата.
Европратеникот Матијас Еке од владејачката Социјалдемократска партија (СПД) беше толку силно претепан од напаѓачи во црно додека лепеше плакати во Дрезден што мораше да оди на итна операција. Во Нордхорн, случаен минувач фрлил јајца кон пратеник, а потоа го удрил во лицето. Во библиотеката бесен пензионер со торба по глава ја удри поранешната градоначалничка, сега сенаторка за економија, енергетика и претприемништво на Берлин, Франциска Гифи од СПД.
Овие три напади што германските политичари ги претрпеа во последните денови за време на кампањата за Европскиот парламент не се изолиран пример. Кон средината на минатата недела неколку „незадоволни“ граѓани го нападнаа Ролф Флајс, заменик-градоначалникот на градот Есен. И во Бранденбург, на Први мај, гневните демонстранти го нападнаа автомобилот на заменик-претседателката на Бундестагот од партијата на Зелените, Катрин Геринг-Екард, спречувајќи ја да продолжи по патот по митингот на кампањата.
Се зголемуваат нападите врз претставници на владините и опозициските партии со физички последици. Сите се согласуваат дека политичката атмосфера во Германија е променета. Властите го вперуваат прстот кон различни десничарски групи и опозициската партија Алтернатива за Германија (AfD), како извор на нетрпеливост што доведе до политичко насилство врз членовите на партиите на власт.
Германскиот претседател Франк-Валтер Штајнмаер повика на солидарност со продемократските политичари изложени на напади. „Демократијата бара политичка култура без омраза и вознемирување и апсолутно без насилство“, рече тој за време на посетата на покраината Бранденбург, велејќи дека властите мора да направат сè што е потребно за да ги идентификуваат криминалците и дека судовите мора да изрекуваат правични казни.
Стефан Маршал, политиколог од Универзитетот во Дизелдорф, вели дека во општеството се забележува афективна поларизација кога неистомислениците стануваат „непријатели“. Ројтерс разговараше со десетина политичари кои опишаа физички и вербални напади. Еден од главните ризици, рече мнозинството, е намерно да се создаде непријателска клима за да се заплашат кандидатите или учесниците во кампањата за на крајот да се влијае на исходот од изборите.
„Тоа ве прави да се чувствувате дека не сте сакани овде и дека треба да исчезнете“, рече Мајкл Милер, кандидат на социјалдемократите на окружните избори во источната покраина Тирингија.
Напаѓачите му ја запалија куќата откако тој организираше протест против екстремизмот во февруари.
„Оставувањето сега е опција, иако никогаш порано не би помислил на тоа“, вели Милер.
„Ако имате политичари кои официјално велат – ајде да ги ловиме – тие зборови ја обликуваат акцијата“, посочува Никлас Нинас, пратеник во Европскиот парламент од редовите на Зелените. Тој потсетува дека во говорот во 2017 година, поранешниот лидер на АфД, Александар Гауланд, отворено кажа дека партијата ќе ја „фати“ тогашната канцеларка Ангела Меркел.
Во една неодамнешна анкета на Форса на 6.400 градоначалници ширум Германија, 40 отсто рекле дека тие или некој нивен близок бил навредуван, загрозен или физички нападнат. Дел од градоначалниците признаа дека поради ова сериозно размислувале да се откажат од политиката.
Сепак, ова не е чисто германски феномен. Нападите врз политичарите се зголемени низ Европа, а исто така и во САД, вели Свен Теклаф, раководител на Одделението за демократија и кохезија во фондацијата Кербер. Тезлаф за „Дојче веле“ изјави дека социјалните мрежи одиграле улога во менувањето на јавниот дискурс. „Луѓето меѓусебно се охрабруваат да ја изразат својата омраза кон државата, системот, политиката, оние на врвот. Исто така, знаеме дека прагот на инхибиција за физички напаѓање луѓе е значително намален ако овој вид изразување продолжи да се развива во оваа насока“.
Неодамнешниот напад врз европратеникот Еке може да ги поттикне локалните политичари да се повлечат од страв за сопствената безбедност, што, според Тезлаф, е заканувачки сценарио:
„Ако луѓето на прво ниво на демократија во повеќе од 11.000 општини во Германија престанат да се вклучуваат, тогаш граѓаните ќе добијат впечаток дека демократијата повеќе не функционира, што може да биде огромен проблем.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Се урна хотел во Германија: Едно лице…
Едно лице е пронајдено мртво, а осум…
Агелер: Има многу кандидати за на „црната…
Има мноштво имиња од кои може да…
Татко и син учествувале во нелегални трки,…
Двајца мажи, за кои се верува дека…
Вучиќ го пречека Шолц во палатата „Србија„:…
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ, во Палатата…
(ВИДЕО) Бура ги опустоши Германија, Словачка и…
Силно невреме синоќа ги погоди Германија, Чешка…