Објавено на:

Германските производители на пиво очекуваат зголемување на цената за 30 отсто до крајот на 2022

t

Цените на пивото во Германија до крајот на годината би можеле да се зголемат за 30 отсто, објави Билд.

– Зголемувањето на трошоците ги надминува сите граници. Вакво нешто досега не сме доживеале, изјави за „Билд“ Холгер Ајхел, генерален директор на Здружението на германски пиварници.

Производителите на пиво во моментов се соочуваат со „огромни ценовни притисоци“, нагласи тој. – Струјата е зголемена за 250 отсто во споредба со минатата година, сладот за 70 отсто, а европалетите за 150 отсто, рече Ајчел. Сето ова доведува до нагло поскапување на омилениот пијалак во Германија. – До крајот на годината, цените на пивото би можеле да пораснат за 30 отсто, изјави Стефан Фрицче, потпретседател на Здружението на пивари во Берлин и Бранденбург.

Здружението на германски пиварници има 1.400 германски пиварници со вкупно 6.000 брендови. Повеќето од нив – 70 проценти- се концентрирани во три сојузни покраини: Баварија, Баден-Виртемберг и Северна Рајна-Вестфалија.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Спречен нов атентат врз Зеленски, уапсен Полјак…

Полскиот државјанин Павел К. е уапсен под…

26 годишно момче од Македонска Каменица уапсено…

Полициски службеници од Полициското одделение Македонска Каменица…

Маричиќ вели дека оваа влада ги зголемила…

Меѓународниот секретар на СДСМ и кандидат за…

Израел тврди дека има ракетен напад, Иран…

Беспилотни летала беа „успешно соборени“ од иранската…