Објавено на:

Германски министер: Да му се верува на Путин е исто како да му верувате на Дедо Мраз

t

Офиицијален Брисел и Киев се скептични дека Москва ќе ги ослободи милионите тони украинско жито кои се блокирани на пристаништата во Украина, пишува Политико.

Германскиот министер за земјоделство, Чем Уздемир вели дека да му се верува на рускиот претседател Владимир Путин е исто како да „се верува во Дедо Мраз“.

„Не верувам дека нешто ќе искочи на крај од сето ова, судејќи по зборовите на Путин кои не се за верување“ вели Уздемир од Брисел.

Скептицизмот на Уздемир доаѓа и покрај успешниот договор меѓу Турција и Обединетите нации (ОН) кои минатата недела соопштија дека постои договор со Русија и Украина за деблокада на извозот на украинско жито.

Оваа недела се очекува преговорите да продолжат, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се надева дека ќе се дојде до финален договор меѓу сите страни.

Украина, која ги поздрави напорите на Турција за доаѓање до конечен договор, исто така покажа скептичност.

Олга Трофимцева, амбасадорка во Министерството за надворешни работи во Киев за „Политико“ вели дека воопшто не се надева на брз договор.

„Има две причини поради кои сум скептична: Како прво воопшто не и верувам на Русија, а како второ има многу технички пречки во оваа одлука“ вели таа, алудирајќи на големиот број мини во близина на украинските пристаништа.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Зеленски: Потребен е силен 18-ти пакет санкции…

Претседателот на Украина, Володимир Зеленски, денес изјави…

Експлозија во касарна во Германија, едно лице…

26-годишен маж загина во експлозија на земјиштето…

Рускиот министер за финансии: Во Русија нема…

Во Русија нема рецесија, во тек е…

Ердоган: Трамп е подготвен да се приклучи…

Турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган изјави дека…

Трамп: Русите можеби имаат амбиции надвор од…

Тој повторно ги истакна нападите на САД…