Германски министер: Да му се верува на Путин е исто како да му верувате на Дедо Мраз
Офиицијален Брисел и Киев се скептични дека Москва ќе ги ослободи милионите тони украинско жито кои се блокирани на пристаништата во Украина, пишува Политико.
Германскиот министер за земјоделство, Чем Уздемир вели дека да му се верува на рускиот претседател Владимир Путин е исто како да „се верува во Дедо Мраз“.
„Не верувам дека нешто ќе искочи на крај од сето ова, судејќи по зборовите на Путин кои не се за верување“ вели Уздемир од Брисел.
Скептицизмот на Уздемир доаѓа и покрај успешниот договор меѓу Турција и Обединетите нации (ОН) кои минатата недела соопштија дека постои договор со Русија и Украина за деблокада на извозот на украинско жито.
Оваа недела се очекува преговорите да продолжат, а генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш се надева дека ќе се дојде до финален договор меѓу сите страни.
Украина, која ги поздрави напорите на Турција за доаѓање до конечен договор, исто така покажа скептичност.
Олга Трофимцева, амбасадорка во Министерството за надворешни работи во Киев за „Политико“ вели дека воопшто не се надева на брз договор.
„Има две причини поради кои сум скептична: Како прво воопшто не и верувам на Русија, а како второ има многу технички пречки во оваа одлука“ вели таа, алудирајќи на големиот број мини во близина на украинските пристаништа.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
„Волстрит џурнал“: Орбан е кандидат за генерален…
Соединетите Американски Држави го поттикнале поранешниот унгарски…
И Македонија ќе треба да излезе од…
Русија ќе се обиде да ја искористи…
НОВ НАПАД ВО ЦРНОТО МОРЕ: РУСИЈА ПОГОДИ…
Руските вооружени сили погодиле брод за насипни…
Трамп ја зазема страната на Русија против…
Пензионираниот американски генерал-потполковник Бен Хоџис го обвини…
Зеленски: Можна е средба меѓу Украина, САД…
Украина, Соединетите Американски Држави и Русија би…