ГЕРМАНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ СЕ ПОВРЕДИ ВО КРУШЕВО: Побаран беше итен транспорт со хеликоптер

t

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти дека денеска во 18:11 часот на единствениот број за итни случаи 112 е добиена пријава за тешко повреден германски државјанин, параглајдерист.

Тој има отворена скршеница на едната нога и, како што наведува ЦУК, веројатна повреда на ‘рбетот и се наоѓа на полетиштето за параглајдери пред Мечкин Камрн во Крушево.

Поради сериозноста на повредите од екипата на итната медицинска помош и градоначалникот на Крушево е побаран итен хеликоптерски транспорт.

„Полицискиот Ми-171, во кој се наоѓаме во моментот, итно го пренасочивме кон тешко повреденото лице и моментално сме во непосредна близина на Крушево“, информира ЦУК.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

ПРИВЕДЕН БЕГАЛЕЦ ОД ИДРИЗОВО: Имал за доиздржување…

На 01.09.2024 во 15.00 часот на ул.Тодор…

ГЕРМАНСКИ ПАРАГЛАЈДЕРИСТ СЕ ПОВРЕДИ ВО КРУШЕВО: Побаран…

Центарот за управување со кризи (ЦУК) соопшти…

(Фото) ГОРАТ АВТОМОБИЛИ И ГУМИ: Пожар изби…

Возила и гуми горат во автоплац во…

Голем шумски пожар избувна кај селото Долно…

Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина…

Кумановец крадел автоделови, ќе одговара пред законот

На 31.08.2024 во 03.30 часот во Куманово,…