Голем шумски пожар избувна кај селото Долно Јаболчиште во Општина Чашка
Над планинското село Долно Јаболчиште во Општина Чашка денеска во 11 часот избувна шумски пожар со кој е зафатена квалитетна шума. Пожарот се шири кон врвот Лисец.
Во негово гаснење засега се вклучени 20 вработени од Општина Велес кои се на терен и се борат со огнената стихија, која поради ветрот брзо се шири и разгорува, информираат од Регионалниот центар за управување со кризи – Велес.
Од РЦУК Велес додаваат и дека во велешко е активен и големиот шумски пожар на планината Мукос во реонот на село Степанци кон месниста викана Кадиица на границата помеѓу Општина Чашка со Општина Долнени со жариште во Ораов Дол према Кадиица, кој избувна на 24 август.
Последниве денови е високо во планината на непристапен терен, а во негово гаснење денеска се вклучени само тројца вработени од ШС „Бабуна“.
Поради ветрот пожарот се повеќе се шири и зафаќа големи пространства со мешана шума. Инаку на 27 август освен од земја пожарот се гаснеше и од воздух со хеликоптерот на МВР и воздухопловот „ертрактор“ на ЦУК.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Изборен удар за Илон Маск: Потрошил речиси…
Американските милијардери вложиле стотици милиони долари во…
Сали: Постепената интеграција треба да донесе конкретни…
Во рамки на работната посета на Берлин,…
(Видео) Германски војници забележани во Варшава, воени…
На социјалните мрежи се појавија информации и…
Тошковски: И возилата на МВР ќе бидат…
Во 2027 година возилата на Министерството за…
Проруски хакерски групи презедоа одговорност за нападите…
Проруските хакерски колективи „НоНејм057(16)“ и „Зет-Пентест“ презедоа…