Објавено на:

Германски план: Бундесверот испраќа војници во Босна за да се спречи отцепување

t

Германија размислува да испрати војници во мисијата на ЕУ во Босна и Херцеговина, а идејата на коалиционите партнери во германската влада им ја претставила министерката за надворешни работи Аналена Бербок, пишуваат германските медиуми.

Контингентот на Бундесверот треба да ја зајакне операцијата на ЕУФОР Алтеа во Босна и Херцеговина „поради растечките политички тензии“ со цел да се „стабилизира ситуацијата“ и да се „спречат тенденциите кон отцепување“, наведуваат германските медиуми, повикувајќи се на владини извори.

Бербокова на лидерите на пратеничките групи на владејачката коалиција им го претстави планот според кој германски војници ќе пристигнат во БиХ пред изборите во таа земја закажани за 2 октомври.

Се уште не е познат точниот број на германски војници кои би биле испратени во БиХ, но се зборува за „висок двоцифрен или низок трицифрен број“.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

Апасиев ги избрука! Не работи канцеларијата за…

ПОТЕМКИНОВИОТ СВЕТ НА ВМРОИДИТЕ (или "Како функционира…

Доаѓа невреме во Македонија

Во нашата Република Македонија се до петок…

Што се случува во РЕК Битола, врие…

Во моментов огромно полициско присуство има во…

Откако цела Македонија ги виде заканите кон…

Дел од родителите на починатите во трагедијата…

Се запали РЕК Битола! Се вклучил аларм…

Вториот блок во РЕК „Битола“ од утринава…