Гир до Мицкоски: Не треба да се очекуваат нови гаранции за во ЕУ
Не треба да се очекуваат нови договори, гаранции или ветувања што се однесува до процесот на пристапување на Македонија во ЕУ. Ова е пораката на евроамбасадорот, Дејвид Гир, во однос на барањето на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, за цврсти гаранции од ЕУ дека барањето за внесување на Бугарите во Уставот ќе биде последното барање. Тој на лидерската средба со премиерот Димитар Ковачевски на 7 јуни побара и гаранција за македонскиот идентитет, култура, традиција, посебност, обичај и јазик и оваа точка да биде ставена на дневен ред на Европскиот совет.
Гир денеска, по потпишувањето договор за изградба на Европска куќа во Струга одговарајќи на новинарско прашање да е можно да се реализира ваквото барање на опозицијата рече дека македонскиот јазик е веќе во Преговарачката рамка без никакви квалификации.
„На патот кон ЕУ не се губи националниот идентитет, јазикот и културата. И секако македонскиот јазик веќе е во рамката за преговарања без никакви квалификации. Што се однесува до очекувањата не верувам дека може да има подобар договор со Бугарија, од тоа што беше договорено лани“, рече Гир. Повикувајќи се на искуството со другите земји, Гир вели дека фокусот треба да се стави на реформите и промените што треба да се случуваат. „Со тоа вашиот идентитет, како и идентитетот на земјата се зајакнува“, дециден е евроамбасадорот.
Бугарија не може да постави нови услови
Бугарија не може да постави нови услови, бидејќи преговарачката рамка е затворена, тврди и шефот на македонската дипломатија, Бујар Османи. „Таа не може да се отвори ниту на барање на нашата опозиција, ниту на барање на бугарската опозиција“, додаде тој на прес-конференција на првиот ден од Преспа форумот за дијалог кој се одржува во Струга.
Осврнувајќи се на Резолуцијата на германскиот Бундестаг за поддршка на зачленувањето на Македонија во ЕУ, Османи вели дека е таа е само симболична потврда на тоа што формално го има во Преговарачката рамка, бидејќи македонскиот идентитет и без неа е загарантиран и кога ќе станеме членка, тој само уште повеќе ќе се промовира.
„Целта е да ја затвориме темата, дека утре може некоја бугарска Влада да каже имаме нов услов. Нема нов услов. Преговарачката рамка е затворена. Во преговарачката рамка има три патокази. Во едниот од патоказите има Акциски план за малцинствата, тоа е единствениот услов, којшто е влезен во бенчмарковите за отворање и затворање на поглавјата. Тој Акциски план не се однесува само на бугарската заедница, туку се однесува на сите заедници во државата“, вели Османи.
Тој се надева на зајакнување на дијалогот со Бугарија и оти односите ќе бидат конструктивни. Најави дека со новата бугарската министерка за надворешни работи Марија Габриел договориле мошне брзо да имаат средба во Скопје или во Софија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Владата ќе ги покачува пензиите непосредно пред…
Министерката за финансии, Гордана Димитриеска Кочоска, денеска…
Дали ДПМНЕ го награди Максим со 243…
Од унгарскиот кредит од 50 милиони евра,…
Николоски: ОПОЗИЦИЈАТА ЌЕ ОСВОИ ОД 0 ДО…
Вицепремиерот и министер за транспорт Александар Николоски…
Ужас во Охрид: Автомобил влета меѓу пешаци…
Стравична сообраќајка вечерва ја потресе Охрид –…
Сите ја плаќаме цената на иранските напади,…
Бенјамин Нетанјаху кажа дека целиот израелски народ…