Ги насанкаа: Европската Комисија ќе ѝ ја компензира штетата на Унгарија доколку поддржи ембарго за руската нафта?
Унгарија ќе ја поддржи забраната за увоз на нафта од Русија само доколку Европската комисија предложи решение за последователните проблеми во овој поглед, изјави министерот за надворешни работи Петер Сијарто. Тој рече дека Унгарија нема да може да го поддржи шестиот пакет антируски санкции се додека тоа ги нарушува интересите на унгарскиот народ.
Претставниците на земјите од ЕУ денеска ќе направат нов обид да се договорат за нов пакет антируски санкции. Камен на сопнување е ембаргото за нафта, на кое се противат Унгарија, Бугарија и Словачка.
ЕУ размислува да и обезбеди компензација на Унгарија како поддршка на ембаргото за нафта, објави Политико. Официјалните претставници на ЕУ размислуваат да обезбедат финансиска компензација за Унгарија за да го убедат премиерот Виктор Орбан да ги поддржи санкциите против руската нафта и шестиот круг санкции.
Орбан веќе изјави дека санкциите со кои се воведува ембарго на руските добавувачи на енергија се „нуклеарна бомба“ за унгарската економија.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Сијарто му ја плесна вистината во очи…
Шефот на унгарската дипломатија Петер Сијарто денеска…
Бугарија и Унгарија го потврдија своето стратешко…
Бугарија и Унгарија се согласија да ги…
Сијарто: Србија ја замени Украина како главен…
Унгарскиот министер за надворешни работи, Петер Сијарто,…
Поминаа седум часа зад затворени врати па…
Српскиот претседател Александар Вучиќ денеска имаше значаен…
Калас: Подготвуваме план „Б“ во случај Унгарија…
Европската унија подготвува план „Б“ во случај…