ГИ ПРИКАЖУВАЛЕ РУСИТЕ КАКО ЗАОСТАНАТИ РОБОВИ: Путин се закани дека нема да дозволи поделба на Русија
Рускиот претседател Владимир Путин вели дека САД сакаат да ја распарчат Русија и да ги ограбат нејзините ресурси.
Тој го предупреди Западот, пред изборите во март 2024 година, дека секое странско мешање во Русија ќе се смета за агресија. Путин рече дека Западот е зафатен од расистичка русофобија која ги прикажува Русите како нација на заостанати „робови“.
Путин ги предупреди Русите дека треба да ги научат лекциите од Болшевичката револуција во 1917 година, граѓанската војна и распадот на Советскиот Сојуз во 1991 година, кои според него го поделиле рускиот народ.
„Секој обид за сеење меѓуетнички или меѓурелигиски раздор, поделба на нашето општество, предавство, е криминал против цела Русија. Нема да дозволиме никој да ја подели Русија“, додаде тој.
Изборната кампања за претседателските избори ќе почне следниот месец и се очекува Путин да се кандидира. Тој е на власт од 2012 година, а пред тоа владееше од 2000 до 2008 година.
Рускиот патријарх Кирил рече дека ќе се моли Путин да продолжи да работи „за доброто“ на Русија и рускиот народ. Руската православна црква ја поддржува војната во Украина. Руската инвазија на Украина почна пред повеќе од 20 месеци. Истакнати Руси кажуваа дека ако Русија ја изгуби војната во Украина, може да дојде до нејзина поделба.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Руските медиуми за војната меѓу Иран и…
Конфликтот меѓу Иран и Израел денес доминира…
Погодена амбасадата на САД во иранскиот напад…
Амбасадорот на САД во Израел, Мајк Хакаби,…
Што ако Иран го затвори Ормутскиот Теснец?
Расте можноста конфликтот Иран-Израел да ескалира понатаму…
Aмериканците кренаа раце од нас? Хил: САД…
Поранешниот амбасадор на САД во Србија смета…
„Вината за Кочани е во врвот на…
„Речиси четири месеци, Мицкоски и Тошковски се…